Права и услови за користење на овој сајт
Добредоjдовте на Cool MK (Кул МК). Cool MK Ви овозможува користење на содржините и услугите под следниве услови. Условите за користење се применуваат на сите содржини и услуги. Правата и условите за користење на овој сајт ги определуваат односите помеѓу Корисниците на сајтот Cool MK
Cool MK ги задржува авторските права на сите свои сопствени содржини (текстуални, визуелни, база на податоци и програмски код). Неовластеното користење на било коj дел без дозвола од Cool MK (сопственик на авторските права), се смета за кршење на авторските права на сопственикот и се одговара по законот за авторски права.
Општи услови
Корисник е лице кое се има регистрирано во сајтот Cool MK со корисничко име и лозинка со пополнување на формуларот за регистрација.
Корисникот се согласува со правата и условите за користење на сајтот Cool MK со маркирање на полето Се согласувам со правата и условите за користење на овој сајт.
Право на промена на содржините и услугите
Cool MK го задржува правото за промена или укинување како привремено така и трајно, на било која содржина или услуга, без обврска претходно да го најави тоа.
Cool MK се состои од сопствени содржини, содржини од огласувачи, бесплатни содржини и содржини креирани по идеја на корисниците и од самите корисници. Сите тие ги користите на сопствена одговорност и Cool MK не може да се смета одговорен за било каква штета настаната од користењето.
Заштита на приватноста
Cool MK ја почитува приватноста на своите корисници и посетители. Податоците од процесот на регистрирање и останатите податоци за корисникот, Cool MK нема да ги дава на увид на трети лица.
Cool MK се обврзува дека ќе ја чува приватноста на корисниците, освен во случај на кршење на правилата или во случај на незаконски активности од страна на корисникот.
Обврски на корисникот
Корисникот нема право да објавува, коментира и разменува содржина и да испраќа пораки кои ги кршат македонските или меѓународните закони, содржина која е навредлива, вулгарна, заканувачка, расистичка или шовинистичка.
Корисникот нема право на лажно претставување, односно претставување во име на друго правно или физичко лице.
Корисникот нема право да објавува, испраќа и разменува содржини кои се заштитени со законот за авторски права.
Корисникот нема право да манипулира со идентификаторите со цел да се прикрие потеклото на содржината која се објавува или испраќа преку услугите на Cool MK .
Корисникот се обврзува да не испраќа слики на кој не се гледа неговото лице, слики на познати личности, слики со сексуална насоченост, колажи, фотомонтажи, карикатури, слики со авторски права и групни слики, слики на кои се гледа оружје, слики на кои се прикажува употреба на дрога и други наркотични средства, слики кои имаат адреси или лога на други сајтови, па и на Cool MK .
Корисникот дава право на Cool MK да го го претставува пред трети лица на територијата на Р.Македонија и во странство како рекламно лице на Cool MK
Корисникот дава право на Cool MK да ги користи сликите и другите податоци кои ги има воведено во сајтот Cool MK за свои цели.
Корисникот декларира и гарантира дека има полно и неограничено право да ги воведе сликите во сајтот за јавно користење во сајтот и за рекламни цели на самиот сајт.
Корисникот декларира дека нема да бара никаква одговорност за директни, индиректни, случајни, специјални, метеријални, морални и какви и да се други штети настанати од користењето на сајтот Cool MK.
Корисникот носи целосна одговорност за дејствијата извршени со користење на неговото корисничко име и лозинка.
Корисникот се задолжува да не испраќа рекламни, комерцијални и SPAM пораки до другите корисници од сајтот користејќи го софтверот на Cool MK.
Корисникот се задолжува да не го користи сајтот Cool MK за проучувања, конкурси, натпревари, игри, SPAM, рекламни пораки, барање на персонал или испраќање на несакани или навредливи пораки.
Корисникот е должен да ги воведе точно бараните податоци и истите да бидат вистински.
Корисникот нема право да создава лажни профили кои не го покажуваат неговиот вистински идентитет.
Корисникот се задолжува да се придржува кон сите закони и одредбите од истите и е одговорен за своите дејствија кои произлегуваат од користењето на сајтот Cool MK.
Корисникот се задолжува да не публикува, распространува или популаризира навредливи или незаконски материјали или информации.
При регистрирањето во Cool MK корисникот е задолжен да помине преку постапката за регистрирање, да ги внесе вистинските податоци и да одбере корисничко име и лозинка.
За објавувањето на содржини (коментари, слики и друго) под некое корисничко име, одговорен е исклучиво корисникот кој го користи.
Корисникот се согласува дека сликите, коментарите и останатите податоци без лозинката кои ги остава или внесува во сајтот Cool MK ќе бидат јавно прикажани и достапни на останатите корисници и посетители на сајтот.
Корисникот е должен да ги следи сите промени по правата и условите за користење на сајтот Cool MK и да се информира за нивната промена. Користењето на сајтот Cool MK и неговите услуги по направената промена во правата и условите за користење се смета за прифаќање на истите.
Cool MK го задржува правото да ги користи содржините предоставени од регистрираните корисници за свои цели, во рекламни материјали за сајтот, печатени изданија и други медиуми. Превземањето и/или објавувањето на какви и да било содржини од сајтот без писмено одобрување од Cool MK е забрането.
Cool MK има право да испраќа рекламни пораки на e-mail, телефон и по пошта. Cool MK не сноси одговорност односно содржината на рекламите кои се покажуват на корисниците под каква и да се било форма тие.
Cool MK и не сноси одговорност за штети кои би можеле да произлезат заради невозможност да се користи дел од системот или целиот систем поради технички причини, независно од околностите поради кои е дојдено до тоа.
Cool MK има право до собира, архивира, обработува и користи податоците за употребата на услугата од страна на сите свои корисници, за цели како одстранување на проблеми во компјутерните системи, осигурување на заштита против неоторизирано проникнување во туѓи профили и за целите на рекламата.
Cool MK го задржува правото да му ги укине корисничките права на регистрираниот корисник без претходно да го извести за тоа, да испраќа e-mail-и и друга комуникација на електронската пошта на корисникот!
При приложувањето и толкувањето на Правата и условите за користење на овој сајт важат Македонските закони и Мегународните закони.

